07 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент го одложи годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија. Ова предизвика прашања за можен истек на информации и загриженост за заштита на бугарските позиции. Европратеникот од партијата „Има таков народ“ (ИТН), Ивајло В'лчев, сподели за Евронјуз Бугарија дека постои сомневање дека властите во Северна Македонија биле однапред запознаени со содржината на извештајот.
„Работејќи на извештајот од самиот почеток, имаме чудно чувство дека властите во Северна Македонија однапред знаеле што ќе пишува. Или некој ја изнел таа информација, или се случил технички пробив во системите на Европскиот парламент,“ изјави В'лчев.
Тој истакна дека сите бугарски европратеници застанале заедно и упатиле писмо со забелешки, кое, според него, произлегува од две главни причини. „Првата е идеолошка – прашањата за јазикот и идентитетот не се работа на Европскиот парламент. Во извештајот се вклучени елементи што не се во негов домен,“ рече В'лчев.
Тој исто така упати критика кон авторот на извештајот, европратеникот Томас Вајц, велејќи дека, иако вложил труд, сепак направил сериозни пропусти. „Не се сретнал со претставници на бугарската заедница во Северна Македонија, што е сериозен пропуст,“ додаде В'лчев.
Особено загрижувачко, според него, е тоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, буквално ги прераскажувал ставовите од извештајот, велејќи што точно сака да биде вклучено во него. „Тоа покажува дека можеби имал пристап до содржината уште пред да биде јавно објавена,“ посочи В'лчев.
Според него, клучните случувања ќе се одвиваат пред 24 јуни – датумот кога се очекува Европскиот парламент да се изјасни по извештајот – а не толку на самиот ден на гласањето.
В'лчев со критики за ЕУ-извештајот: Не е работа на парламентот да признава идентитет
Приведен возач во Кавадарци поради управување со возило под дејство на алкохол