22 април 2025
• од Вардарски
Ватикан денес ги објави првите официјални фотографии од починатиот папа Франциск во неговиот ковчег, во пресрет на последните подготовки за неговото вечено почивалиште. Со оваа објава започнува периодот на прощавање и оддавање почит од страна на верниците ширум светот.
Телото на Светиот Отец наскоро ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар, каде што ќе биде изложено за јавноста. Илјадници верници се очекува да пристигнат во Рим за да се простат со духовниот водач кој остави длабока трага во модерната историја на Католичката црква.
Во меѓувреме, кардиналите денеска се состануваат за прв пат по смртта на папата, со цел да ги утврдат датумите за пренос на телото и за самата погребна церемонија. Според апостолскиот устав Universi Dominici Gregis, кој ја регулира постапката по смртта на папата, погребот мора да се одржи помеѓу четвртиот и шестиот ден од неговото преминување.
Тоа значи дека погребот на папата Франциск најверојатно ќе се одржи во периодот од петок, 25 април, до недела, 27 април. Според италијанските медиуми, а особено извештаите на новинската агенција АНСА кои се повикуваат на неименувани извори од Ватикан, најизгледен датум за церемонијата е сабота, 26 април.
Светската јавност со тага и почит ги следи случувањата во Ватикан, додека Католичката црква се подготвува да се збогува со папата Франциск – симбол на скромност, сочувство и посветеност кон најранливите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

