11 февруари 2025
• од Вардарски
Албанскиот премиер Еди Рама збесна и почна да пцуе во емисија во живо на албанската телевизија А2.
Албанскиот премиер Еди Рама приреди несекојдневна сцена во живо во телевизиска емисија на албанската телевизија А2. На објавеното видео се гледа како Рама, очигледно изнервиран, реагира бурно, пцуејќи и удирајќи по масата во студиото.
Инцидентот се случил додека Рама учествувал во емисијата, но поради незадоволство од нешто, почнал да се однесува невообичаено. Во еден момент, тој удира со рака по масата и фрустрирано извикува: „Е**те се“.
Двајцата водители во студиото биле затекнати од неочекуваната реакција на премиерот и видно збунети од неговото однесување.
Настанот доаѓа во чувствителен политички момент за Рама, бидејќи неговата влада се соочува со сериозни проблеми по апсењето на градоначалникот на Тирана, кој важи за еден од неговите најблиски соработници. Овој скандал дополнително ја зголеми политичката напнатост во земјата.
Видео од инцидентот може да се погледне на следниот линк.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

