20 март 2025
• од Гоце Кически
Илјади Бугари се собраа во центарот на Софија за да запазат минута молчење во сеќавање на жртвите од трагичниот инцидент кој го потресе македонскиот град Кочани. Настанот се одржа пред Судската палата во главниот град, а присутните изразија своја солидарност и сочувство со постраданите и нивните семејства.
Трагедијата во Кочани, која ги погоди многу семејства, предизвика национален шок во Македониjа и Бугариja и со сочувство ги погоди срцата на граѓаните. Собирането во Софија беше организирано како израз на почит и поддршка за загинатите, како и за оние кои претрпеле тешки последици.
Присутните граѓани стоеја во тишина, многумина држеа свеќи во рацете, а на нивните лица се гледаше болка и смиреност. Иако сите беа во молк, се чувствуваше силна желба да се покаже дека македонскиот народ не е сам во овој трагичен момент.
„Оваа трагедија не е само за Кочани, таа е за цела Македонија и Бугариja“, рече еден од присутните, кој побара да не биде споменато неговото име. „Ние сме тука за да покажеме дека сме со нашите браќа Македонци, дека не се сами во овој ужасен момент“, додаде тој.
Многу граѓани на Софија ја изразија својата благодарност за организацијата на настанот и ја истакнаа важноста на единството и човечноста во вакви тешки моменти. Иако присутните беа поттикнати од тешките емоции, испратија порака на надеж и поддршка до семејствата на жртвите.
Слични настани беа организирани и во други делови од Бугариja како симбол на солидарност и сплотеност со наjблискиот народ на Бугарите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

