03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Со свечена церемонија на 15 септември беше отворена новата учебна година во неделното училиште „Христо Ботев“ во албанската престолнина Тирана. Настанот беше објавен на официјалната страница на Амбасадата на Република Бугарија во Албанија.
Оваа година училиштето за првпат ќе функционира под егидата на бугарската амбасада – значаен чекор што ја зацврстува неговата улога како културен и образовен центар за тамошната бугарска заедница.
Во објавата се истакнува дека особено возбудување предизвикал фактот што наставата сега се одвива под покривот на самата амбасада – место што симболично станува „заеднички дом“ за зачувување на бугарскиот јазик, традиции и дух.
Кулминација на свеченоста било започнувањето на учебната година од страна на наставничката Милена Селими, која со звукот на училишното ѕвонче внела топлина и надеж кај учениците и нивните родители.
Од амбасадата упатија благодарност до наставниците за нивната посветеност, до родителите за нивната поддршка и до децата за ентузијазмот и љубопитноста со кои тргнуваат по патот на знаењето.
Извор: Билтен „Бугарите на Балканите и по света“, бр. 09, 2025
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден