22 мај 2025
• од Вардарски
Претседателот на Комисијата за политики за Бугарите надвор од границите на Бугарија, Стојан Таслаков, свикува вонредна седница поради судскиот процес што се води против Љупчо Георгиевски – претседател на веќе укинатиот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола.
Седницата ќе се одржи во петок, на 23 мај 2025 година, и е свикана поради растечката загриженост за состојбата со човековите права и основните демократски слободи во Република Северна Македонија. Бугарските институции изразуваат сериозно беспокойство заради, како што наведуваат, зголемените притисоци и репресии врз бугарската заедница во земјата.
Според Таслаков, случајот против Георгиевски отвора сериозни прашања за почитувањето на слободата на изразување, правото на културна и национална идентичност, како и за фер и независно судење.
На седницата се очекува да присуствуваат и претставници на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, кои ќе ја изнесат својата официјална позиција пред членовите на Комисијата и бугарската јавност.
Целта на состанокот е да се разгледаат можните институционални и дипломатски чекори, како и мерки за заштита на правата на Бугарите во Северна Македонија. Дополнително, се очекува Комисијата да донесе препораки до бугарската влада, меѓу кои и предлог прашањето да биде ставено на дневен ред во рамките на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во Европската Унија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

