24 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
На воениот аеродром Безмер во Бугарија официјално започна меѓународната воена вежба „EUROPEAN SPARTAN EXERCISE 2025“. Летачката обука ќе трае до 3 октомври, а како главни зони за тактичка подготовка се издвоени авиобазите Безмер и Чешнегирово.
Во вежбата, покрај домаќинот – бугарските воздухопловни сили, учествуваат и претставници од Италија, Шпанија, Грција и Литвa. Словенија е вклучена со свои тимови како набљудувач. Командантот на вежбата, полковник Лазарин Лазаров, истакна дека целта е пилотите, инженерите и техничарите од различни земји да научат да работат заедно и да разменуваат искуства, бидејќи сите користат авиони „Спартан“ во Европа.
Во рамки на обуката ќе се изведуваат различни тактички задачи:
Полетите ќе се реализираат во воздушниот простор над јужна Бугарија, информира командантот на авиобазата Безмер, полковник Милен Димитров.
Димитров додаде дека граѓаните можат да забележат зголемено присуство на воени авиони во воздух поради планираните летови на мала височина. Тој нагласи дека нема причина за загриженост, бидејќи тоа е дел од редовните задачи на обуката.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

