30 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш ја повика меѓународната заедница да ги засили санкциите против Русија, опишувајќи ги како клучен инструмент за запирање на воената машина на Москва, јавува ДПА.
„Санкциите сега мора да бидат еден од најважните приоритети — глобалните санкции против Русија“, истакна Зеленски во своето вечерно видео обраќање во неделата.
Неговите коментари доаѓаат откако неодамна потпиша указ со кој политиката на санкции на Украина се усогласува со политиките на нејзините меѓународни сојузници, вклучувајќи го Европскиот сојуз и Г-7. Зеленски, исто така, најави планови за воведување на санкции на Европската Унија против Иран.
Иако Европскиот сојуз во петокот не успеа да го усвои 18-тиот пакет санкции поради противење од Словачка, Зеленски побара да се направат нови обиди. Санкциите, како што рече, се мерка „која навистина ги ограничува стратешките можности за развој на Русија, нејзиниот потенцијал и треба уште поболно да ја ограничи способноста на Русија да ја продолжува оваа војна, војната против нашата независност, секој ден“.
Санкциите на ЕУ се насочени главно кон руската економија, со цел да ја лишат Русија од финансиските ресурси за продолжување на војната против Украина.
Од друга страна, Русија постојано нагласува дека успеала да ја прилагоди својата економија на казнените мерки, како и дека успева да ги заобиколи ограничувањата со помош на други држави, при тоа значително зголемувајќи го своето производство на оружје.