28 март 2025
• од Вардарски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „наскоро ќе умре“, коментирајќи ги честите шпекулации околу неговото здравје. Изјавата доаѓа за време на интервју дадено во Париз, веднаш по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува британскиот Daily Mail.
„Тој (Путин) наскоро ќе умре – и тоа е факт. Ќе дојде крајот“, изјави Зеленски пред новинарите.
Рускиот лидер со години е цел на гласини дека се соочува со сериозни здравствени проблеми, и покрај обидите да се прикаже како силен и моќен државник. Во последно време, 72-годишниот Путин често се појавува во јавност со подуено лице, потреперувачки нозе и заматен поглед – појави кои ги поттикнуваат шпекулациите дека неговата здравствена состојба е сериозно нарушена.
Особено внимание привлече еден инцидент од 2022 година, кога Путин беше сниман како седнува со наведнат грб и се држи за масата додека разговара со тогашниот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. Сцената беше протолкувана од многумина како показател за физичка немоќ и слабост.
Иако од Кремљ неколкупати ги демантирале овие шпекулации, изјавата на Зеленски повторно го отвора прашањето за реалната состојба на рускиот претседател.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

