21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот премиер Росен Желјазков оствари видеосредба со украинската премиерка Јулија Свириденко, на која ја потврди цврстата и неотповиклива поддршка на Софија за Украина во контекст на тековната војна.
Желјазков потсети дека Бугарија е меѓу најсилните и најактивните застапници на европската интеграција на Украина. Тој понуди споделување на бугарското искуство во интегративниот процес, нагласувајќи ја подготвеноста на земјата да помогне со практични совети и експертиза.
Премиерот изрази поддршка за отворање на првиот преговарачки кластер на Украина со Европската унија. Притоа, акцентираше на важноста од имплементацијата на украинскиот акциски план за националните малцинства, оценувајќи го како клучен елемент за започнување на првата преговарачка глава.
Во разговорот со Свириденко, Желјазков нагласи дека мирните преговори со Русија мора да се темелат на принципите на правда, суверенитет и сигурносни гаранции. Тој исто така подвлече дека Бугарија е подготвена активно да учествува и во процесот на следвоено обновување на Украина.
Според соопштението на бугарската влада, Софија ќе продолжи да биде сигурен партнер на Киев и цврсто ќе ја поддржува неговата европска иднина.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден