29 април 2025
• од Вардарски
Бугарија прави сериозни чекори кон водење позиција во областа на вештачката интелигенција во Европа – порака што силно одекна по посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT) во Софија. Гостин од највисок европски ранг, Кошта беше придружуван од бугарскиот премиер Росен Желязков, кој го претстави Институтот како јадро на технолошката иднина на Источна Европа.
INSAIT е основан во 2021 година и е прв ваков центар во регионот. Тој веќе соработува со светски водечки институции и обединува научници од 26 земји. Проф. Мартин Вечев, научен директор на Институтот, потенцираше дека INSAIT ѝ овозможува на Бугарија технолошка предност и вклучување во глобалната трка за развој на вештачката интелигенција.
Во својата изјава, премиерот Желязков испрати силна порака до Европа, но и до целиот Балкан:
„Бугарија денес не само што гради иднина – таа ја предводи. Со INSAIT покажуваме дека една земја од Источна Европа може да биде дом на врвна наука, глобални иновации и таленти од целиот свет. Веруваме во моќта на знаењето, во младите и во технологијата што ги менува општествата. Нашата цел е јасна – Бугарија да биде двигател на дигитална Европа, и мост меѓу науката и иднината за целиот регион.“
Посетата на Кошта продолжи и во Казанлък, каде заедно со Желязков ја посетија и одбранбената индустрија на земјата. Таму Кошта нагласи дека конкурентноста и одбраната се две клучни теми за иднината на Европската Унија.
Посебно внимание предизвика и изјавата на Кошта за напредокот на Бугарија кон еврозоната, што дополнително го засилува впечатокот за земја која брзо се движи напред на сите фронтови – технолошки, економски и политички.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

