26 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
На маргините на НАТО самитот во Хаг, бугарскиот премиер Росен Жељазков оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска. Разговорот, како што јавуваат бугарските медиуми, бил фокусиран на европските перспективи на Скопје и билатералните односи.
„Ја побарав претседателката на Република Северна Македонија бидејќи ставот на Бугарија е дека РСМ треба да биде дел од ЕУ врз основа на сопствените заслуги“, изјави Жељазков. Тој нагласи дека Софија останува цврсто на позициите од мајската декларација од 2022 година, со посебен акцент на заштитата на правата на Бугарите во Северна Македонија.
Премиерот оцени дека имал „многу добар“ разговор со Силјановска, во кој се разговарало за човековите права, европските вредности и потребата од заемно почитување. „Јазикот што го користат функционерите во двете земји треба да всадува пријателство, а не омраза“, додаде тој.
Со ироничен тон, Жељазков додаде: „Ќе си дозволам една аналогија – целта на нашите пријатели од РСМ не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ, што се базира на критериумите за членство.“