07 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Под влијание на висок воздушен притисок, Македонија од наредната седмица ја очекува период на стабилно и релативно топло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозите, времето ќе биде претежно ведро, со појава на магла во утринските и вечерните часови во одделни котлини, каде што температурите ќе останат пониски.
Од УХМР објаснуваат дека стабилната временска состојба ќе доминира во текот на целата седмица, што ќе придонесе за постепено пораст на дневните температури. Иако времето генерално ќе биде топло за овој период од годината, маглата во рамничарските делови може да се задржи подолго и да влијае на локално пониски температури.
Денеска, пак, времето ќе биде облачно со повремен локален дожд, а попладне се очекува постепено намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер, а на места долж Повардарието и во источните делови ветерот периодично ќе засилува и ќе биде од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 9 и 13 степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време, со можност за повремен слаб дожд во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината може повремено да се засилува.
СДСМ тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ водела преговори за мигрантска соработка
Али Ахмети: Војната на УЧK беше праведна и поддржана од демократскиот свет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

