04 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот функционер и член на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Адем Авзиу, преку емотивна порака им се обрати на своите сопартијци, обвинувајќи ги за предавство и недостиг на морал.
Во својата изјава, Авзиу истакнува дека две децении од својот живот им посветил на партијата и на идеалите за кои се борел, но дека денес чувствува разочараност од однесувањето на дел од членовите.
„Ви дадов сè... но вие ми свртевте грб! 20 години ве хранев со идеал, со посветеност и со работа. 20 години ве издигнував за да имате можности, достоинство и глас,“ вели Авзиу, додавајќи дека сите тие години ги минал во одбрана на колегите од неправди и политички удари.
Тој дополнително посочува дека очекувал поголемо единство во партијата, особено во клучни моменти, но наместо тоа, како што наведува, добил молк и пасивност:
„Денес, кога требаше да бидеме пообединети од кога било, вие молчевте. Станавте гледачи од балконот!“
Во крајот на својата порака, Авзиу упати остро предупредување дека во партијата нема место за „неморалните и предавниците“.
Со оваа порака, тој испраќа јасен сигнал за можни несогласувања и внатрепартиски тензии во рамките на ДУИ, што повторно ја отвора темата за иднината и насоката на оваа политичка структура.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

