06 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Проблемите со отпадот и загадувањето во Општина Аеродром сѐ повеќе се продлабочуваат. На денот кога стотици жители протестираа против чадот од депонијата Вардариште и ја блокираа сообраќајницата, други граѓани алармираа за хаотична состојба со комуналната хигиена и преполните контејнери низ населбата.
До редакцијата на 4news.mk пристигна фотографија испратена од читател, направена од неговата тераса. На неа јасно се гледа редица контејнери преполни со отпад, од кои ѓубрето се прелева и се расфрла по тротоарите и улиците. Сликата не претставува само естетски проблем, туку и сериозен санитарен и еколошки ризик за жителите на урбаната населба.
Оваа поплака доаѓа во период кога Аеродром е под силно внимание на јавноста поради повеќедневните протести за загадениот воздух и несносната миризба што се шири од запалената депонија Вардариште. Со преполните контејнери, ситуацијата добива нова димензија – граѓаните на општината се соочуваат со двоен еколошки предизвик: загаден воздух и лошо управување со отпадот.
Сликите и сведоштвата на жителите отвораат сериозни прашања за капацитетот на градските и општинските комунални служби. Граѓаните бараат итна интервенција и долгорочни решенија, зашто, како што велат, Аеродром не смее да биде препуштен на хаос со ѓубрето и загадувањето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден