04 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На собирот во Студеничани, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, испрати јасна порака дека Албанците во земјата нема да дозволат враќање во минатото, ниту пак ќе молчат пред неправдите. Тој истакна дека иднината мора да се гради врз темели на еднаквост, меѓуетничка соработка и заемна почит.
„Ние не сакаме поделби, туку чесно соживување,“ порача Ахмети, додавајќи дека политичарите од новите генерации треба да ја читаат историјата за да ја разберат болката низ која поминале сите граѓани.
Ахмети нагласи дека борбата за достоинство и еднакви права не смее да запре. „Нашата цел е да изградиме иднина со почит и достоинство за секој граѓанин, без разлика на неговата етничка или верска припадност,“ рече тој пред своите поддржувачи.
Со ова обраќање, лидерот на ДУИ уште еднаш апелираше за единство и солидарност, но засновани на принципите на правда и рамноправност, како предуслов за траен мир и стабилност во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

