05 март 2025
• од Вардарски
Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија (АХВ) откри бактерија во вода од Косово. Станува збор за водата „Ругове“ која ја има низ продавниците, но и по дел од опшините. Од компанијата ги негираат обвинувањата и велат дека нивната вода е безбедна за употреба.
Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија (АХВ) соопшти дека врши засилени проверки на сите пратки со изворска вода увезени од Косово. Оваа мерка доаѓа по лабораториските анализи кои открија присуство на колиформни бактерии во примерок од увезена вода.
Според официјалното соопштение на АХВ, сите пратки со изворска минерална вода од Косово ќе бидат под засилен инспекциски надзор. Лабораториски мостри ќе се земаат од секоја увозна пратка, а производите нема да бидат пуштени во продажба сè додека не се потврди нивната безбедност.
Според медиумските извештаи, анализираната вода потекнува од косовската компанија „Ругова“. Од компанијата тврдат дека нивните производи редовно поминуваат тестирања од Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИЈЗ) и Косовската агенција за храна и ветеринарство (АХВ), додавајќи дека нивната вода е безбедна за употреба.
Колиформните бактерии се природно присутни во околината и во изметот на луѓето и животните. Сами по себе не предизвикуваат болести, но нивното присуство во водата укажува на можна фекална контаминација и потенцијален ризик од опасни патогени микроорганизми.
Според Стејт департментот за здравство на Вашингтон, колиформите се користат како стандард за проценка на квалитетот на водата за пиење. Доколку се најдат во водата, се смета дека постојат потенцијални здравствени ризици.
АХВ ќе продолжи со засилен мониторинг на увозот на вода од Косово. Потрошувачите се советуваат да бидат внимателни при купување и консумирање пакувана вода. Резултатите од идните тестирања ќе покажат дали контаминацијата е изолиран случај или поширок проблем.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

