04 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Од Студеничани, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати остри критики кон актуелната влада, обвинувајќи ја дека презема чекори за укинување на Законот за употреба на албанскиот јазик и демонтирање на механизмите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор.
Ахмети предупреди дека, според него, со укинувањето на балансерот и со исклучувањето на надзорните механизми за спроведување на договорените закони, сериозно се загрозува концептот на соживот и државноста на Македонија.
„Да се избрише албанскиот јазик од институциите значи да се избрише темелот на соживотот. Охридскиот договор не е политички компромис, туку државотворен договор помеѓу Албанците и Македонците. Кој го допира тој договор, ги допира темелите на самата држава“, изјави Ахмети, нагласувајќи дека таквите чекори можат да имаат долгорочни последици.
Со ова предупредување, тој испрати порака дека почитувањето на јазичните и политичките права не е прашање на дневна политика, туку на стабилност и иднина на заедничката држава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

