04 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Али Ахмети ќе биде реизбран за претседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на претстојниот конгрес на партијата кој ќе се одржи на 20 декември, пренесува ТВ21. Ова го потврди и заменик-претседателот на партијата, Арбер Адеми, кој нагласи дека на конгресот ќе се одржат и избори за нови членови на генералниот совет на партијата.
„Во ДУИ има многу луѓе кои оставиле значајни траги, не само во рамки на партијата, туку и во сите процеси што го одбележаа нашиот регион. Како сериозна, државотворна и одговорна партија со неспорен легитимитет меѓу Албанците во земјава, очекуваме да донесеме одговорни одлуки кои ќе одговараат на очекувањата на јавноста“, изјави Арбер Адеми.
ДУИ се позиционира како водечка политичка сила меѓу албанскиот електорат во Северна Македонија, а конгресот на 20 декември се очекува да биде значаен момент за потврдување на лидерството и насоката на партијата во наредниот период.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

