10 април 2025
• од Вардарски
Алијанса за Албанците остро реагираше на неодамнешната одлука на Владата да го именува Петар Богоевски за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Според партијата, ова поставување претставува сериозен удар врз европската иднина на земјата, како и навреда кон албанската заедница.
Во реакцијата се наведува дека Богоевски е познат по своите ставови кои, според Алијансата, се антиевропски и исполнети со омраза кон Албанците. Партијата оценува дека ваквиот чекор е „награда за антиевропски и антиалбански настроени кадри“ и дека тоа го одразува вистинскиот правец во кој се движи државата под водство на, како што ја нарекуваат, „нелегитимната влада на ВМРО-ВРЕДИ“.
„Оваа одлука докажува дека денес во Северна Македонија се напредува само ако сте против Албанците или ако сте подготвени да ги легитимирате проектите насочени против сопствениот народ“, стои во соопштението.
Алијанса за Албанците додава дека ваквите постапки се во директна спротивност со проевропската ориентација која се градела со децении, и оти тие го поткопуваат довербата во образовниот систем и ги влошуваат меѓуетничките односи.
Партијата особено го осудува молкот или поддршката од албанските претставници во владата, кои, според нив, со своето учество ја легитимираат дискриминацијата и говорот на омраза насочен кон Албанците.
„Именувањето на личност која ја симболизира антиевропската и антиалбанската реторика е срам за државата, и тежок удар врз вредностите што треба да не водат кон членство во ЕУ“, заклучуваат од Алијанса за Албанците.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

