06 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во сите здравствени институции во државата, вклучително и клиниките и болниците, постои недостиг од човечки ресурси, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Како пример ја посочи и Тетовската клиничка болница, нагласувајќи дека проблемот со недоволен број здравствени работници е системски и присутен на национално ниво.
Министерот истакна дека Министерството за здравство ќе работи интензивно на креирање нови кадровски капацитети, но и на оптимизација на постојниот персонал. Како една од клучните мерки ја најави хоризонталната мобилност на здравствените работници, со цел поефикасно распределување на кадарот и подобра достапност на здравствените услуги за граѓаните.
„Тоа што веќе го најавивме на прес-конференција ќе продолжиме да го реализираме – создавање нови капацитети и подобра организација на постојните, за здравствениот систем да биде поблиску до граѓаните“, изјави Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод кампањата за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на пиротехнички средства.
Тој додаде дека крајната цел е да се намали потребата граѓаните да патуваат во Скопје за основни и специјализирани здравствени услуги и тие да бидат подостапни во сите региони на државата. Министерството, како што беше нагласено, ќе продолжи со анализи и конкретни мерки за унапредување на здравствениот систем и подобрување на условите за работа на здравствените работници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

