18 март 2025
• од Вардарски
Македонија е во длабок шок и тага по трагичниот настан што го потресе градот Кочани. Амбасадорката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, во интервју за бугарската телевизија bTV изрази голема благодарност кон Бугарија за брзата реакција и помошта на повредените.
„Кочани е мал, но прекрасен град, познат по својата младешка енергија. Несреќата што се случи во дискотеката е огромна трагедија за градот и целата држава“, истакна Поповска.
Таа изрази длабока благодарност до бугарските здравствени институции кои презедоа грижа за 14-те повредени кои беа итно префрлени на лекување во соседната земја. Според неа, ова е уште еден доказ за солидарноста и блискоста меѓу двете земји.
Во својата изјава, Поповска апелираше да се избегнат шпекулации и да се остави на надлежните институции целосно да ги расветлат причините за трагедијата. Таа нагласи дека има основани сомневања за корупција во случајот и дека секој кој е одговорен, без разлика дали директно или индиректно, ќе мора да сноси одговорност.
„Нема да има поштедени – секој кој со дејствување или недејствување придонел за оваа трагедија, ќе одговара пред суд“, порача Поповска.
Оваа трагедија ја потресе македонската јавност, а семејствата на жртвите и повредените бараат правда. Очите се вперени кон надлежните органи, од кои се очекува темелна и транспарентна истрага.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

