18 март 2025
• од Вардарски
Емотивен и потресен апел одекна на социјалните мрежи, каде Ана Карова преку својот Фејсбук профил сподели трауматично искуство и сериозни обвинувања кон припадници на полицијата, кои според неа останале рамнодушни и бездушни во момент кога таа и останатите луѓе се бореле за живот.
„Каде ли живееме народе? Каде се луѓето кои треба да се грижат за нас? Луѓе кои се зарекле дека ќе помагаат, ќе спасуваат, ќе се жртвуваат?! Каде беа тие кога ние се боревме за живот? Немо стоеа и не гледаа…“, пишува Карова во својот драматичен пост.
Таа пренесува како во паника и очај молела за помош: „Помош, спасете ме! Ве молам! Немам воздух!“, но единствениот одговор што го добила од полицаецот бил: „Не бива!“. Полицаецот, според нејзините зборови, ладнокрвно ја потргнал раката и останал нем сведок на трагедијата.
„Само очај во моите очи имаше, ОЧАЈ! СРАМОТА Е ЛУЃЕ! Сите сме деца, сите се боревме за живот! Само Бог нè чуваше во тој кобен момент. Каде ќе ви оди душата бре луѓе?! ЖИВИ ГОРЕВМЕ! Не знаевме зошто, како, зошто ние баш да страдаме за гревовите ваши?“, напиша Карова во својот емотивен апел.
На крајот, таа ја истакнува разочараноста во полицијата, која порано ја гледале како симбол на храброст и пожртвуваност: „Од мали се угледувавме на Вас, полицијата… во вода пропадна тој наш детски сон, дека полицаецот е херој… НЕ, НИЕ СМЕ ХЕРОИТЕ, А ВАС СРАМ ДА ВИ Е ШТО ГОРДО СЕ НАРЕКУВАТЕ СПАСИТЕЛИ!“.
Сепак, таа нагласи дека ова не важи за сите, истакнувајќи дека постоеле и исклучоци меѓу полицајците кои навистина им помагале на луѓето во критичните моменти.
Апелот на Ана Карова предизвика големо внимание на јавноста, покренувајќи сериозни прашања за моралната одговорност и посветеноста на институциите што треба да се грижат за граѓаните во моментите кога тоа е најпотребно.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

