29 март 2025
• од Гоце Кически
Патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки ноќеска било опожарено на паркинг пред зграда на подрачјето на Бутел. За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а пожарот бил навремено изгаснат.
Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), случајот бил пријавен во СВР Скопје од сопственикот на возилото, А.И. (50) од Скопје, околу 3:00 часот. Според пријавата, возилото било опожарено во периодот од 23:00 часот на 28 март до моментот на пријавувањето.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, која ги обезбедила доказите за понатамошна истрага. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

