10 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
На седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно се разгореа остри политички тензии меѓу пратениците. Од партијата Левица информираа дека, иако седницата се одржувала во присуство на родители, ВМРО–ДПМНЕ преку пратеничката од власта Иванка Василевска, не се воздржале од, како што велат, „примитивизам, ароганција и демонстрирање на политичка паника и оттуѓеност од реалноста“.
Претседателот на Комисијата, Димитар Апасиев, јавно ѝ одговори на Василевска, упатувајќи остри критики за нејзиниот настап и за користењето правни аргументи кои тој ги смета за неточни и манипулативни.
„Почитувана колешке, искрено се надевав дека ќе го надминете вашиот вмровски примитивизам, но тој дојде со целото ваше правно и латинско незнаење. Вашето правно незнаење и глума како професор по право не треба да ни го продавате како теоретски аргумент“, изјави Апасиев.
Тој појасни дека документот кој Василевска го цитирала не се однесува на работата на Постојаната анкетна комисија, туку на „вмровска анкетна комисија“, додавајќи дека постојаната комисија е уставно загарантирана во член 76 од Уставот.
„На вистината не ѝ е потребна поддршката на вмровците за да биде вистина. Гласот на мајките не може да биде замолчен дури ни од овој Парламент!“ – порача Апасиев.
Тој дополнително истакна дека Комисијата не врши истражни или судски функции, но нејзините наоди можат да бидат основа за покренување постапка за утврдување политичка одговорност кај функционери.
„Оваа Комисија е токму за тоа – да утврдиме каде потфрливме како општество и како пратеници. Не смее да се случува министер во актуелната Влада со службено возило да оди на судење“, нагласи Апасиев.
Седницата заврши во наелектризирана атмосфера, а полемиката меѓу Апасиев и Василевска уште еднаш ги отвори прашањата за политичката култура и одговорност во Собранието.
Бугарија го започнува првиот голем проект за складирање на CO₂ во Источна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

