Апасиев со критики до власта: „Додека нашите родители се мачеа, нивните татковци шиткале пензии“
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, повторно се огласи на својот Фејсбук профил со жестоки критики кон владејачките структури, обвинувајќи ги за лицемерие и неморал. Во својата објава, Апасиев направи споредба меѓу своето семејно потекло и она на дел од актуелните министри, потенцирајќи дека додека неговите родители, како што вели, биле стечајци кои се бореле да го школуваат, татковците на актуелни функционери, наводно, незаконски стекнувале приходи.
„Додека нашите родители СТЕЧАЈЦИ мака мачеа да не’ школуваат, татковците на министрите шиткале незаслужени инвалидски пензии на црно и така си печалеле. И сега нивните деца ви продаваат МОРАЛ од собраниската говорница,“ пишува Апасиев.
Во објавата тој го спомена и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за кого тврди дека неговиот татко бил осуден за измама, поврзана со посредување за добивање инвалидски пензии. „Овие ќе го менуваат системот?“ прашува Апасиев, изразувајќи скепса за искреноста на реформските заложби на актуелната влада.
Објавата веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а се очекуваат и официјални реакции од засегнатите страни.