03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, преку статус на социјалните мрежи упати жестоки критики кон актуелниот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Во својата објава, Апасиев отворено ги доведе во прашање академските квалификации и професионалното искуство на Костадиновски, оспорувајќи го неговиот легитимитет за позицијата.
Според Апасиев, во секоја „нормална држава“ истакнати универзитетски професори стануваат уставни судии, а не спротивното. Тој посочи дека објавувањето на само четири научни труда не претставува биографија која заслужува почит во рамките на академската заедница.
„Ќе му објасни ли некој на овој вмровски чиновник Дарко Костадиновски – актуелен претседател на Уставниот суд, дека во 'нормална држава' професори стануваат уставни судии, а не обратно!“, пишува Апасиев во својата објава, иронично насловена со зборовите: „Почитуван судија – не ви е голема биографијата, туку стомакот“.
Во продолжение на своето обраќање, лидерот на Левица прави паралела со уставните судии од поширокиот регион. Тој нагласува дека во соседството работат судии со импозантни портфолија и десетици трудови објавени во реномирани меѓународни научни списанија.
„Друже, не оди подалеку – па само во регионов имаш уставни судии со над 70 труда во меѓународни списанија! Далеку си ти од тие стандарди“, додава Апасиев во објавата.
Дополнително, тој во критиката се осврна и на досегашното искуство на Костадиновски. Апасиев децидно истакна дека мемоарите и стажот стекнат како кабинетски службеник кај поранешни претседатели на државата не можат да се квалификуваат како научни трудови, оценувајќи ги исклучиво како публицистички дела кои немаат научна тежина.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

