03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Сиромаштијата и натаму останува еден од најсериозните социјални предизвици во државата. Повеќе од една петтина од населението живее со приходи под утврдениот праг на сиромаштија, а на удар се најранливите категории граѓани.
Најновите податоци на Државниот завод за статистика, преку објавените лаекенски индикатори за 2024 година, покажуваат дека стапката на сиромаштија во Македонија изнесува 21,9 отсто. Ова практично значи дека секој петти граѓанин преживува со приходи кои се под 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход во државата, пренесува 4news.mk.
Според статистичките пресметки за годината, прагот на сиромаштија е дефиниран на следното ниво:
Податоците откриваат загрижувачка слика кога станува збор за структурата на семејствата кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми.
Убедливо најтешка е состојбата кај домаќинствата со двајца возрасни и три или повеќе издржувани деца, каде што сиромаштијата достигнува дури 54,8 отсто. Веднаш зад нив се самохраните родители, каде што стапката изнесува високи 45,8 отсто.
Анализирано според возраста, децата и младите се најранливата категорија:
Економската активност е клучен фактор за животниот стандард. Статистиката покажува дека ризикот од сиромаштија е најголем кај невработените лица (45,7%). За споредба, кај вработените оваа стапка е драстично пониска и изнесува само 7,9 отсто, додека кај пензионерите изнесува 12 отсто.
Податоците исто така ја нагласуваат виталната улога на државните механизми за социјална заштита. Доколку од приходите на граѓаните се исклучат социјалните трансфери и пензиите, стапката на сиромаштија во државата би скокнала на алармантни 39,4 отсто.
Покрај сиромаштијата, извештајот нотира и значителна социјална нееднаквост. Коефициентот на Џини, кој служи како показател за нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 29,2 проценти.
Разликата во приходите е фрапантна: најбогатите 20 проценти од граѓаните располагаат со дури 5,2 пати повисоки приходи во споредба со најсиромашните 20 проценти од населението во државата.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

