04 март 2025
• од Вардарски
Скопска Апелација ја објави пресудата со која ја уважува жалбата на Бојан Јовановски во случајот „Рекет“, а со која тој е осуден на казна затвор од пет години.
Во барањето за преиначување на правосилната пресуда, Јовановски доставил медицинска документација за сериозно нарушена здравствена состојба, по што судот анализирајќи ги документите за неговата здравствена дијагноза, како и оние од предметот, утврдил дека со преиначената казна доволно воспитно ќе се влијае врз осудениот, во иднина да не се јавува како сторител на кривични дела.
Јовановски во 2020-та година беше прогласен за виновен и доби затворска казна во траење од девет години и тоа за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари.
Во моментов Јовановски користи прекин на казната, поради лекување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

