14 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Скопската градоначалничка Данела Арсовска повторно упати сериозни обвинувања кон раководството на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ (КХС), обвинувајќи ја Јулијана Спировска, претседателка на Управниот одбор на претпријатието, за систематско попречување на работата на службите задолжени за јавна чистота.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Арсовска тврди дека Спировска е осудена за убиство, и дека, како што напиша, таа „ги команда“ членовите на Управниот одбор кои, според неа, се поставени од партиите ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН преку Советот на Град Скопје.
„Јулијана три години не гласа за нови камиони, за инвестициска програма, за вработените кои пет години ги чистат улиците да можат да земат решение. Јулијана по наредба на ВМРО континуирано прави опструкции додека градот не се удави во смет“, напиша Арсовска.
Таа во истата објава ја повика јавноста да не поддржува, како што рече, вакво однесување:
„Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана!“
Според неа, вработените во КХС се меѓу „највредните луѓе во градот“, кои и покрај „саботажите од Јулијана од ВМРО“, продолжуваат да ја извршуваат својата работа со максимална посветеност.
Објавата доаѓа во време на зголемени тензии помеѓу градската администрација и Советот на Град Скопје, каде мнозинството го држат партии кои повеќе не ја поддржуваат Арсовска. Засега нема официјален одговор од Спировска или од ВМРО-ДПМНЕ на овие тврдења.