21 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Снежниот бран што ја зафати земјава продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот и секојдневното функционирање. Ниските температури, снегот и замрзнатите коловози предизвикаа низа инциденти низ повеќе региони, а загрижувачки снимки од случувањата масовно се шират на социјалните мрежи.
Еден од поалармантните случаи е регистриран во скопската населба Козле, каде автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) целосно се излизга на стрмна и неисчистена улица. Видеото што кружи на интернет покажува како тешкото возило неконтролирано се лизга по замрзнатиот коловоз, што предизвика вознемиреност кај граѓаните.
Само по среќа е избегната поголема несреќа, со оглед на големината и тежината на автобусот, како и ризикот по пешаците и околните возила. Засега нема информации за повредени лица, но настанот повторно го отвори прашањето за навременото чистење и одржување на улиците во зимски услови.
Речиси во исто време, инцидент беше пријавен и на автопатот кон Скопје. На патарината кај Петровец, патничко моторно возило се излизгало поради неприлагодена брзина и замрзнат коловоз. Според првичните информации, и во овој случај е избегната посериозна сообраќајна несреќа.
Надлежните апелираат до возачите да бидат крајно внимателни, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да користат соодветна зимска опрема. Воедно, граѓаните очекуваат поинтензивна реакција од службите за одржување на патиштата, со цел да се спречат нови инциденти во деновите што следат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

