08 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Од Библиотека Струмски реагираат на јавните настапи и објави на историчарот Бранислав Светозаревиќ, оценувајќи дека неговите толкувања за јунашките друштва во Македонија се селективни и историски проблематични.
Во реакцијата се наведува дека, според нивните анализи, во историските извори од крајот на XIX и почетокот на XX век, терминот „македонец“ најчесто имал географско, а не етничко значење. Токму игнорирањето на контекстот, како што посочуваат од Библиотека Струмски, доведува до погрешни заклучоци во современите интерпретации.
Како пример се наведуваат случаи каде во исти документи, покрај терминот „македонци“, се користат и други етнички одредници за населението во регионот, што укажува на комплексноста на историскиот идентитет.
Од Библиотека Струмски истакнуваат дека гимнастичките јунашки друштва биле дел од пошироко движење за физичко и морално воспитување, кое се развивало во повеќе градови на Балканот. Тие имале важна улога во организирањето на младината, како и во развојот на колективниот дух и дисциплина.
Според нив, постојат бројни архивски документи и публикации од тоа време кои сведочат за активноста на овие друштва во градови како Скопје, Битола, Солун и Прилеп, при што тие биле поврзани со пошироки културни и образовни иницијативи.
Во својата реакција, од Библиотека Струмски посочуваат дека Бранислав Светозаревиќ користи изолирани примери – како поединечни фотографии или натписи – без да го земе предвид поширокиот историски контекст.
Тие сметаат дека ваквиот пристап може да доведе до манипулативни интерпретации, особено кога се извлекуваат заклучоци само врз основа на појава на одредени зборови во документи, без анализа на нивното значење во конкретниот период.
Од Библиотека Струмски повикуваат на посериозен и научно заснован пристап кон историјата, нагласувајќи дека таа не треба да се користи за дневнополитички или идеолошки цели.
„Историските процеси се сложени и бараат внимателно читање на изворите. Секое поедноставување или селективно толкување води кон искривување на вистината“, порачуваат од Библиотека Струмски.
Повеќе прочитајте тука - [Манипулации на Бранислав Светозаревиќ](https://vestimak.com/makedoni-a/biblioteka-strumski-istoricharot-svetozarevikj-od-skop-e-obvinet-za-manipulaczii-so-istori-ata/)Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

