11 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Кога премиерот Христијан Мицкоски на митинг ќе изјави дека економијата оди добро, погледнете ги вашите сметки и без неговите „розови очила“ кажете му: „Господине премиер, индустријата ви опаѓа за 3,5 проценти, преработувачкиот сектор за 1,4 проценти, инфлацијата е околу 4 проценти, 1,8 милијарди евра долг за 13 месеци, а ефектот од вашите трошоци е нула. Од ветените 250 милиони евра за економијата од унгарскиот кредит – ефектот е нула, освен за неколку фирми што почувствуваа некаков бенефит,“ изјави пратеникот на СДСМ и поранешен заменик премиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, на денешната средба со стопанствениците од Струмица, во рамки на предизборната кампања за локалните избори.
Битиќи нагласи дека пораката на овие избори не е да се поддржи СДСМ, туку граѓаните да направат вистински избор – да гласаат за човек кој знае да се грижи за локалната заедница и истовремено да испратат порака на национално ниво дека актуелната власт доживеала неуспех, дека нивниот пат води во ќорсокак и загуба.
„Јас сметам дека улогата на општината е да биде сидро на предвидливоста. Кога централната власт го губи контролниот механизам врз економската активност, општината треба да биде јасна и прецизна во односот со бизнис заедницата. Како се постигнува тоа? Со градење доверба. Тоа е првата обврска кон локалната економија – да се обезбеди средина во која секој производител, преработувач и инвеститор знае каде стои,“ рече Битиќи.
Тој додаде дека локалните избори се токму за тоа – за избор на вистински правец за локалната економија, каде што општината ќе биде рамка за ред и стабилност, а не простор за импровизации. Само така, според него, локалната економија може да создава додадена вредност и да расте, наместо да стагнира.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

