10 февруари 2025
• од Вардарски
„Албанија годинава ќе биде домаќин на дел од легендарната велосипедска трка Џиро д’Италија, настан што го следат 700 милиони луѓе ширум светот. Покрај тоа, во Албанија ќе се одржи и собирот на Европската политичка заедница, кој вклучува претставници од 35 земји, што е поширок формат од самата ЕУ.
Ако тоа не е доволно, во 2027 година Тирана ќе го пречека НАТО самитот, со присуство на сите членки на алијансата. Ова е јасен сигнал дека Албанија сериозно ја зацврстува својата меѓународна позиција.
А кај нас? Советот на Европа сериозно размислува да му го одземе на Скопје статусот ‘Европски град на културата’ за 2028 година.
Но, нема проблем, ние и понатаму гордо си ја пееме ‘Заветна’. Тоа е нашата реалност.“ – напиша на својот Фејсбук профил познатиот новинар Боби Илиевски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

