01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската унија уште еднаш покажа дека стои зад земјите од Западен Балкан, ослободувајќи прва транша од осум милиони евра за Северна Македонија преку Инструментот за раст. Средствата се резултат на детална процедура, транспарентни критериуми и објективна проценка од Европската комисија.
Од вкупниот износ, 2,3 милиони евра се неповратна поддршка – подарок од европските даночни обврзници, додека остатокот се наменети за инвестиции и буџетска стабилност преку заемски инструменти. Со тоа, ЕУ уште еднаш покажува дека е подготвена да инвестира во стабилноста на Македонија, и покрај тоа што земјата со години ја влече назад сопствената нефункционалност.
Во извештајот на Европската комисија јасно се нотира: од предвидените чекори во Реформската агенда, Македонија успеала да реализира само 40%. И тоа претежно формални закони, додека суштинските промени остануваат недопрен сон.
Додека Брисел внимателно ги следи роковите и дава конкретни планови, во Скопје повторно се бара „грејс период“ – ново продолжување од 24 месеци за да се завршат задоцнетите задачи. Наместо одговорност и брзи потези, македонските институции уште еднаш покажуваат дека им треба време, многу време, без гаранција дека нешто навистина ќе се промени.
Ослободените средства од ЕУ се симбол на доверба и добра волја, но во исто време се и огледало кое ја покажува слабоста на Македонија. Додека Унијата гради механизми за транспарентност, енергетска транзиција и владеење на правото, македонската држава повторно заостанува, неспособна да ги исполни сопствените ветувања.
Граѓаните остануваат заглавени меѓу европските стандарди и домашната импровизација – сведоци на уште едно потврдување дека ЕУ е подготвена да помогне, но Македонија не е подготвена да си помогне самата.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден