22 септември 2025
• од Гоце Кически
Претседателот на Народното собрание на Бугарија изјави дека Република Северна Македонија е земјата со која Бугарија и нејзиниот народ имаат најблиски односи од сите други држави – не само денес, туку и низ историјата. Тој потсети дека „многу луѓе го дале својот живот за слободата на Македонија“.
Во своето обраќање, претседателот нагласи дека Софија очекува Северна Македонија да стане полноправна членка на Европската унија, но притоа мора да бидат исполнети одредени критериуми.
„Одлуките кои нашите соседи ги донесоа во изминатиот период, а кои се разликуваат од претходно најавените позиции, оставаат горчлив вкус кај секој бугарски граѓанин,“ изјави тој.
Тој го потенцираше значењето на Договорот за добрососедство од 2017 година, кој претставува основа за билатералните односи. „Секако, таму има многу што може да се посака, и од нивна, но и од наша страна. Она што е суштинско и што често се заборава е дека не станува збор за бугарски барања, туку за европски консензус, во кој се вклучени обврските што нашите соседи требаше да ги исполнат,“ додаде претседателот.
Изјавата доаѓа во период кога прашањето за европската интеграција на Северна Македонија повторно е во фокусот, а официјална Софија ја нагласува потребата од почитување на преземените обврски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

