09 април 2025
• од Вардарски
Исклучителна професионалност и хуманост покажаа бугарските лекари од Клиниката за изгореници и пластична хирургија при бугарската медицинска установа, кои успешно ги лекуваа децата повредени во трагичниот пожар што неодамна ја потресе Кочани.
Началничката на Клиниката, проф. Маја Аргирова, со гордост изјави:
„Се справивме одговорно, организирано и перфектно.“
Таа нагласи дека и покрај тежината на ситуацијата, тимот успеал навремено и стручно да реагира:
„Ситуацијата беше тешка, но благодарение на прекрасната организација и на уменијата на нашата екипа, успеавме да реагираме адекватно. Пациентите вчера беа отпуштени и верувам дека брзо ќе се адаптираат во нивната нормална социјална средина.“
Оваа интервенција е уште една потврда за високото ниво на стручност на бугарските медицински тимови. Проф. Аргирова истакна дека ваквите резултати не се случајни, туку плод на долгогодишна работа и искуство:
„Ова не е прва ваква катастрофа со која се соочуваме. Имаме долгогодишно искуство со вакви случаи и можам да кажам дека знаеме како да се справиме – одговорно, организирано и перфектно.“
Таа ја искористи можноста да ја нагласи важноста на тимската работа и институционалната поддршка:
„Ова е возможно само затоа што работиме во институција каде што сите делуваат заеднички. Клиниката не може самостојно ништо да постигне без помошта од сите колеги и администрацијата на институтот.“
Бугарските лекари, предводени од проф. Аргирова, заслужија голема благодарност и признание за нивната посветеност, грижа и хуманост што им ја пружија на децата и нивните семејства во најтешките моменти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

