08 април 2025
• од Вардарски
По тешките денови исполнети со болка и неизвесност, доаѓаат и убави вести кои ја враќаат надежта – четворица од повредените во трагичниот пожар во Кочани, кои се лекуваа во бугарската болница „Пирогов“, денес се подготвени да го продолжат својот пат кон целосно заздравување надвор од болничките ѕидови.
Како што изјави проф. Маја Аргирова, началничка на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, пациентите се во добра општа состојба и подготвени се за домашно лекување, со јасни медицински насоки и понатамошно следење на нивната состојба. По потреба, ќе се разгледа и можноста за дополнителни интервенции, но најважното е дека закрепнувањето оди во позитивен правец.
Во болницата остануваат уште четворица пациенти, чиешто здравје е сериозно, но стабилно. Тие се под постојана грижа на медицинските тимови и пред нив стои долг, но возможен пат кон закрепнување, благодарение на посветеноста и експертизата на лекарите.
Пожарот што се случи во март, во забавен објект во Кочани, остави длабока трага – со речиси 200 повредени и 61 загинат. За дел од повредените беше организиран транспорт во странство, при што 15 лица беа хоспитализирани во Бугарија – осум во „Пирогов“, и по тројца во болници во Пловдив и Варна.
Но денешната вест ни покажува дека дури и по најголемите трагедии, кога заедницата, лекарите и хуманоста се здружени – излегува и сонце. Ова е доказ дека силата на човековиот дух и грижата на здравствените работници можат да направат чуда.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

