05 март 2025
• од Вардарски
Здружението „Југ“ со длабоко разочарување и загриженост ја прифаќа пресудата на судот во Охрид, со која лицата обвинети за бруталниот напад врз нашиот сограѓанин и поранешен под-секретар на здружението „Цар Борис III“, Христијан Пендиков, добија само 8 месеци казна. Оваа пресуда не е само несоодветна – таа е навреда за правдата и удар врз темелните човекови права.
Од првиот момент на нападот, ние остро го осудивме ова варварско дело и побаравме виновниците да бидат соодветно санкционирани. Реагиравме веднаш до Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, барајќи му на Пендиков да му биде доделено бугарско државјанство, а истовремено побаравме од македонските институции да покажат дека правото и правдата важат за сите подеднакво. Наместо тоа, денес сме сведоци на една срамна одлука која остава простор за беззаконие и неказнивост.
Не можеме да разбереме и да прифатиме дека напад кој резултираше со тешки телесни повреди и кој јасно беше мотивиран од омраза може да заврши со казна што повеќе наликува на симболичен укор отколку на вистинска правда. Ова не само што е неправда кон жртвата, туку и создава опасен преседан – дека насилството врз луѓе со бугарска самосвест е толерирано.
Затоа, како здружение, уште еднаш упатуваме итен апел за преиспитување на оваа неправедна судска одлука! Бараме соодветно санкционирање на сторителите со повисоки казни, согласно тежината на делото. Без правда, нема мир и доверба во институциите. Животот на Христијан Пендиков е подеднакво вреден како животот на сите граѓани во Република Северна Македонија.
Правдата мора да победи! Неказнивоста не смее да стане норма!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
