01 мај 2025
• од Вардарски
Георги Црномаров, Бугарин од Битола, излезе со остра изјава за начинот на кој се претставува македонската историја во денешните учебници и јавноста. Според него, првиот чекор кон историска вистина е да се признае минатото пред 1945 година, односно пред создавањето на социјалистичка Македонија во рамките на Југославија.
„Македонската историја треба да се признае – да си признаат каков народ живеел овде, кој јазик се зборувал, на кој јазик зборувале нашите преродбеници, на кој јазик зборувале нашите војводи,“ нагласува Црномаров. Тој предупредува дека многу аспекти од историското наследство се заборавени или намерно се премолчуваат.
Како пример го посочува фактот дека малкумина знаат која била првата химна на првото заседание на АСНОМ – „Изгреј зора на свободата“, која денес многу млади ја препознаваат само како бугарски марш, без да ја поврзат со македонската борба. „Децата не го знаат тоа, што учат на училиште? За нив да спомнеш ‘Изгреј зора на свободата’ е само некој бугарски марш – и толку знаат,“ вели тој.
Црномаров исто така го споменува површното третирање на значајни настани како Тиквешкото востание или Охридско-Дебарското востание. „Се спомнаа, ама колку да се каже дека ги имало. Ниту кој ги раководеше, ниту од кој беа дигнати, ниту против кого,“ истакнува тој, предупредувајќи дека без овие детали историјата станува празна рамка.
Според него, искреното признавање на историјата, со сите нејзини болки, поделби и заеднички моменти, е предуслов за вистински дијалог меѓу народите во регионот. „Историјата не е нешто што треба да се преправаш дека не постои – таа е темел на иднината,“ заклучува Црномаров.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

