21 март 2025
• од Вардарски
На местото на „куќата на смртта, граѓани на Кочани бараат да се направи парк во чест на жртвите, објави „Фокус“.
Тие предлагаат на местото каде сега стојат руините од таканареченото кабаре Пулс, да се засадат 59 дрва, јаблани, во чест на младинците, и еден бор, во чест на возачот во Итната помош во Кочани, Илчо Гоцевски, кој почина по кобната ноќ, откако успеал да превезе во болницата во Кочани, но и во околните градови, 32 повредени младинци.
„Да се направи спомен куќа на тоа проклето место, со име и презиме да бидат спомнати жртвите. Тоа е најмалку што може да направи општината за овие невини души“, порачуваат граѓаните.
Во пожарот во Кочани на 16-ти март загинаа 59 лица, од кои три деца. Според последните официјални бројки, повредени се 178 млади лица.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

