05 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Историјата на христијанството е исполнета со сведоштва за луѓе кои со вера и храброст ги надминале сите маки. Еден таков пример е Свети Луп, слугата на свети Димитриј, кој по маченичка смрт го стекнал венецот на светителството.
Согласно преданијата, Луп бил верен придружник на свети Димитриј, војводата на Солун. Кога царот Максимијан наредил погубување на Димитриј со меч, Луп ја потопил својата наметка и прстен во крвта на маченикот. Со тие реликвии тој извршил бројни чуда – лекувајќи ги болните и утешувајќи ги страдалниците во градот.
Веста за чудата брзо стигнала до царот. Разгневен, Максимијан заповеда и Луп да биде изведен на мачење и смрт. Но, според сведоштвата, војниците што ги извадиле мечовите против него, во чуден пресврт се повредиле меѓусебно.
Иако христијанин по вера, Луп сè уште не бил крстен во моментот на неговото апсење. Со смирена молитва се обратил кон Бога, молејќи за крштение пред да го предаде својот живот. Тогаш, чудесно, врз него се излеала вода од облаците и тој го примил светото крштение одозгора.
По жестоки маки, војниците сепак го погубиле. Но, според христијанското верување, Луп се преселил во Небесното Царство како маченик и сведок на верата.
Денес, Црквата го слави Свети Луп како пример на непоколеблива вера, преданост и чудесна Божја промисла.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

