МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнуваат Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил

30 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил биле родени браќа по тело, потекнувајќи од Персија. Нивниот татко бил незнабожец, но мајка им била христијанка, која уште од мали нозе ги воспитала во верата Христова и ги крстила. По своето растење, тие се издигнале до високи чиновнички положби во дворецот на персискиот цар Аламундар.

Во таа своја служба, тие биле испратени како делегати кај римскиот цар Јулијан Отстапник, со задача да водат преговори за мир меѓу Персиското и Грчко-римското царство.

Нивната бројка — тријца браќа — се споредува со Пресветата Троица, а нивната братска слога била како дијамант што не може да се скрши. Со целото свое битие тие го издигнале умот, волјата и желбата кон Небесата, верувајќи дека Бог од небитие ги привел во битие и дека Самиот Бог се воплотил во човеково тело заради спасение на луѓето.

Кога им било побарано да се откажат од Христос и да се поклонат на идолите, тие не ја напуштиле верата и останале непоколебливи. Заради тоа биле предадени на жестоки маки и најпосле изгорени во оган. Своите тела ги принесоа како жртва, а душите ги упатија кон вечната љубов Божја, сведочејќи го апостолското слово: „И телото да ми изгори, ако љубов немам, ништо не сум.“

Денес Црквата ги спомнува и им се моли да бидат застапници за нас, нивниот глас одекнува низ вселената како пример на вистинска вера, братска љубов и непоколеблива надеж во Господ.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени