11 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Според Социјалдемократскиот сојуз, се наоѓа пред еколошка катастрофа поради, како што велат, неспособноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници. Во најновото соопштение за јавност, СДСМ ги обвинува политичките противници дека со години ветувале решенија за проблемот со депониите, но наместо тоа, на главниот град му донеле елементарна непогода.
Посебен акцент е ставен на депонијата Вардариште, каде што, според СДСМ, секојдневно гори канцерогено ѓубриште и загадува воздухот што го дишат стотици илјади граѓани. „Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски бесрамно молчат и ништо не преземаат“, стои во соопштението.
СДСМ потсетува и на ветувањата за модернизација на депонијата Дрисла и претворање во современ центар за управување со отпад. Според нив, ниту едно од тие ветувања не е исполнето, а Дрисла повторно станува извор на загадување за целиот град.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за негрижа и уништување на Скопје. Наместо решенија, тие му донесоа на градот еколошка катастрофа,“ обвинува СДСМ во своето соопштение.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден