12 април 2025
• од Вардарски
Во утринските часови на 11 април 2025 година, на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани се случи сообраќајна несреќа во која беа повредени две лица – 64-годишна жена и осумгодишно дете.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи, несреќата се случила околу 07:34 часот, кога патничко возило од марката „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Н.К., удрило во пешаците С.М. (64) и нејзиното внуче.
И двајцата повредени се жители на Кочани. Веднаш по незгодата биле префрлени во локалната болница, каде им е укажана медицинска помош. Засега нема официјални информации за тежината на повредите.
Полицијата изврши увид на местото на настанот, а истрагата за причините и околностите под кои дошло до несреќата е во тек.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

