02 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерството за образование и наука (МОН) ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година е отворен од 1 до 5 јануари 2026 година.
Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои остваруваат месечен приход понизок од минималната нето плата. Ова право им припаѓа и на студентите запишани на постдипломски и интегрирани студии, како на државните, така и на приватните универзитети во земјава.
Студентите кои ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, можат да поднесат електронска апликација преку порталот за е-услуги на МОН на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на веб-страницата на Министерството за образование и наука. За дополнителна поддршка и информации во врска со аплицирањето, студентите можат да се обратат преку е-пошта на адресата: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.
Од МОН информираат дека студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран студентски оброк, а сметаат дека повторно ги исполнуваат условите, имаат можност повторно да аплицираат. Овој рок важи и за сите студенти кои не поднеле апликација во претходните активни рокови.
Министерството апелира студентите навремено да ја поднесат потребната документација и да ја искористат можноста за финансиска поддршка преку субвенционираниот студентски оброк.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

