07 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Пулмологот д-р Зекирија Шахини, носител на советничката листа на ДУИ за Липково, е повреден во вооружен инцидент што се случил денеска попладне во Куманово.
Според информациите од Кумановската болница, во д-р Шахини било пукано додека се возел со своето возило „Голф“. Две лица, во непосредна близина на полицијата и општинската зграда, отвориле оган кон автомобилот, при што 43-годишниот лекар добил четири прострелни рани — во левата подлактица и десното колено.
Повредениот бил веднаш пренесен во Кумановската болница, а потоа транспортиран на Клиниката за трауматологија во Скопје. Од таму потврдија дека е надвор од животна опасност.
Д-р Шахини е вработен на Клиниката за пулмологија во Скопје, а воедно е и носител на советничката листа на ДУИ на претстојните локални избори во неговото родно Липково.
Иако мотивите за нападот сè уште не се познати, полицијата спроведува истрага за утврдување на околностите и идентитетот на напаѓачите. Според неофицијални информации, состојбата на д-р Шахини е стабилна.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден