26 мај 2025
• од Вардарски
Познатиот македонски Бугарин од Велес, Драги Каров, денеска на својот Facebook профил ја објави поканата од Основното јавно обвинителство во Велес, каде што треба да се јави утре (27.05) во својство на обвинет за кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобични материјали по пат на компјутерски систем“ според член 394-г од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Во поканата стои уште дека доколку обвинетиот не се јави, ќе биде приведен според член 145 од Законот за кривична постапка. Обвинетиот исто така има право да ангажира свој бранител, кој може да присуствува на испитувањето.
Во својата објава на социјалната мрежа, Каров остро реагира на повикот, тврдејќи дека станува збор за „лажен обвинителен акт“ и „монтажа“. Тој ги обвини властите дека имаат „голем мерак“ да го видат зад решетки поради неговите ставови и активизам поврзан со Бугарштината.
„Можете да видите зошто ме обвинувате и член кој што го немам направено ми монтираат... да ме заплашат и да ме замолчат да говорам за Бугарштината,“ напиша Каров. Тој ги нарече институциите „србокомунистички јаничари“ и ги повика граѓаните да не се плашат „од гнасните србокомунистички зверови и монструми“.
Каров порача дека гордост е да се зборува, па и да се страда, за Бугарштината во Република Северна Македонија, и дури нагласи дека е гордост и да се умре за „мајка Бугарија“.
Потсетуваме дека за истото кривично дело беше суден и Љупчо Ѓоргиевски, претседател на забранетиот бугарски клуб од Битола „Иван Михајлов“. Судскиот процес против Ѓоргиевски заврши на 21 мај 2025 година, по повеќе од две години. Пресудата за Ѓоргиевски се очекува да биде објавена до крајот на овој месец.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

