12 април 2025
• од Вардарски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на, како што тврди, системски напад врз Албанците во земјава, спроведен преку државните институции. Според партијата, властодршците ги злоупотребуваат механизмите на државата во политичка и етничка пресметка, насочена исклучиво против Албанците.
„Албанскиот народ во Македонија денес е под напад – не од надворешна сила, туку од институциите на сопствената држава, кои се целосно заробени од политички и етноцентристички интереси на Власта“, стои во соопштението на ДУИ.
Партијата ја обвинува Владата, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство дека селективно и еднострано ја водат истрагата против Албанци кои некогаш биле дел од државниот систем – без разлика на нивната партиска припадност или функција.
„Јасно и гласно изјавуваме: денес против Албанците е прогласена неправедна, еднострана агресија. Нападнати не се само кадри на ДУИ, туку сите Албанци – без разлика дали се во Власта, опозицијата или обични граѓани“, нагласуваат од партијата.
ДУИ оцени дека овие настани не се израз на правдата, туку на одмаздничка политика насочена кон елиминирање на албанското влијание во институционалните текови.
„Ова не е правда, ова е одмазда. Одмазда за вклученоста на Албанците во градењето на државата. ДУИ нема да остане нем набљудувач – ќе преземеме сите потребни чекори за да го спречиме продолжувањето на овој прогон и да обезбедиме правда за албанскиот народ“, се вели во заклучокот на соопштението.
ДУИ повика на будност и единство, со пораката дека ниту еден граѓанин не смее да биде жртва на селективна правда само поради својата етничка припадност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

