14 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) со голема загриженост реагира на одлуката на Јавното обвинителство за покренување обвинение против поранешните министри за економија, Крешник Бектеши и Валон Сарачини, во врска со случајот „Кочани“. Во своето официјално соопштение, ДУИ оваа постапка ја оцени како јасен пример за селективна правда со политички мотиви.
Според ДУИ, обвинителството ја изгубило институционалната независност и се претворило во инструмент за политички прогон и изборен инженеринг. „Целта е јасна: директно влијание врз локалните избори и замолчување на критичките медиуми преку таргетирање на истакнати и гласни личности од албанската заедница“, се наведува во реакцијата.
Партијата истакнува дека кредибилитетот на обвинителството е целосно нарушен, бидејќи го штити владејачкиот функционерски кадар, додека соработува со неформални центри на моќ за монтирање случаи против поранешни министри и политички противници. „Со оваа одлука, Јавното обвинителство е официјално прогласено за заробено“, порача ДУИ.
ДУИ најавува дека ќе преземе сите демократски и политички чекори за заштита на гласот на Албанците, интегритетот на изборниот процес, како и принципите на правдата и правната држава.
Во својата реакција, ДУИ упати повик за итна реакција од меѓународната заедница, особено од институциите кои го следат процесот на реформа на правосудниот систем, да не молчат пред, како што велат, очигледната злоупотреба на институциите за политички цели.